Почетна Блог И најдолгиот пат почнува со првиот чекор
Кариера во IT

И најдолгиот пат почнува
со првиот чекор

Сакаш подобра плата, а сè уште се потпираш на истите вештини? Дознај зошто AI Full Stack Engineer е една од најбараните професии денес.

Јуни 2026 9 мин читање SEMOS Education

Сакаш подобра плата, а сè уште се потпираш на истите вештини?

Уште колку долго уште ќе го одложуваш моментот за да почнеш?

Последниве години сите зборуваат за програмирање, вештачка интелигенција и работа од далечина. Но, за многу луѓе реалноста изгледа поинаку.

Сакаат промена. Сакаат подобра кариера. Сакаат поголема плата. Но, никогаш не го прават првиот чекор.

Можеби и ти се пронаоѓаш во некоја од овие ситуации:

  • Работиш работа што не ти нуди простор за раст.
  • Гледаш како луѓе околу тебе влегуваат во IT, а ти сè уште се прашуваш од каде да почнеш.
  • Сакаш подобра заработка, но немаш вештини што денес се бараат на пазарот.
  • Те интересира програмирање, но не знаеш што да учиш и по кој редослед.
  • Постојано си велиш дека ќе почнеш „кога ќе имаш повеќе време".

Најголемиот проблем е што времето поминува без разлика дали си подготвен или не.


Што губиш кога постојано ја одложуваш промената?

Многу луѓе мислат дека не губат ништо ако почекаат уште неколку месеци. Но реалноста е поинаква.

Секој месец без нови вештини значи:

  • уште една пропуштена можност за подобро платена работа
  • уште еден период во кој остануваш со истите ограничувања
  • уште една година без портфолио и реално искуство
  • уште една година во која други кандидати стануваат поконкурентни од тебе
  • уште една година прашувајќи се „што ако почнев порано?"

Најскапото нешто не е курсот што не си го запишал. Најскапо е времето што не можеш да го вратиш назад.


Зошто AI Full Stack Engineer е една од највредните професии денес?

Компаниите денес не бараат само луѓе што знаат да пишуваат код. Бараат луѓе што можат да разберат како функционира цел производ.

Како изгледа корисничкиот интерфејс. Како работи апликацијата во позадина. Како се поврзуваат базите на податоци. Како AI алатките можат да го забрзаат развојот.

Токму затоа AI Full Stack Engineer е една од најфлексибилните и најбараните улоги во IT индустријата. А денес, со развојот на AI, програмерите што знаат како да ги користат современите алатки имаат уште поголема предност.


Колку може да заработува еден програмер?

Платата не е единствената причина поради која некој избира кариера. Но е една од главните причини поради кои луѓето бараат промена.

Според податоците на Mojaplata.mk, најдобро платените AI Full Stack Engineer во Македонија заработуваат до 180.000 денари нето месечно.

Секако, никој не започнува со вакви примања, но секој што денес работи на ваква позиција, во еден момент бил почетник кој одлучил да научи нешто ново.


„Ама јас немам техничка позадина..."

Ова е една од најчестите причини поради кои луѓето никогаш не почнуваат.

Мислат дека мора да имаат диплома по информатика. Дека мора да програмираат уште од средно. Дека е предоцна.

Но вистинскиот проблем најчесто не е недостатокот на талент. Туку недостатокот на структура.

Кога учиш самостојно:

  • не знаеш од каде да почнеш
  • не знаеш што е важно, а што не
  • губиш часови на содржини што не те носат до целта
  • лесно се демотивираш кога нема јасен напредок

И токму затоа многу луѓе се откажуваат пред да стигнат до резултат.


Зошто AI First Full Stack Engineer е различно од обичен програмер?

Денес не е доволно само да научиш да кодираш.

Пазарот се менува. Компаниите бараат програмери кои знаат како да работат побрзо, попаметно и поефикасно со помош на AI алатки.

Затоа концептот „AI First" не значи само учење програмски јазици. Значи учење на начинот на кој ќе се развива софтверот во следните години.

Комбинацијата од Full Stack знаење и AI алатки ти дава основа која е многу поблиску до реалните потреби на модерните компании.


Следното лето ќе дојде побрзо отколку што мислиш

Прашањето е што ќе имаш дотогаш. Ќе бидеш ли уште еден од оние што размислуваат да влезат во IT? Или некој што веќе има нови вештини, проекти и појасна кариерна насока?

AI First Full Stack Engineer летната менторска програма е наменета за луѓе кои не сакаат уште една година да им помине во размислување.

Бидејќи најголемата разлика помеѓу луѓето што напредуваат и оние што остануваат на истото место често е само една одлука.

Одлуката да почнат.


🎓

Стани AI First Full Stack Engineer

Структуриран пат за учење, практична работа и реални проекти. Започни со промената денес.

🚀 Погледни ја програмата