Нема интернет, нема мрежа, цел ИТ систем е во колапс. Дури тогаш станува јасно дека ИТ инфраструктурата е клучна за функционирањето на компанијата.
И додека сите зборуваат за апликации и вештачка интелигенција, некој мора да се грижи сè да функционира.
Повеќето луѓе не размислуваат за мрежи, сервери и инфраструктура. Сè додека нешто не престане да работи.
Кога ќе падне интернетот. Кога серверот ќе биде недостапен. Кога компанијата нема да може да функционира затоа што системите не работат, тогаш сите сфаќаат дека клучен е човекот кој стои зад ИТ инфраструктурата.
Иако побарувачката за вакви професионалци постои, сепак многумина остануваат заглавени без јасна перспектива за раст.
Време е за промена, доколку и ти се препознаваш во некоја од овие ситуации:
Те интересира технологија, но не знаеш како да ја претвориш во кариера.
Сакаш професија со поголема стабилност, но не знаеш од каде да започнеш.
Работиш работа што не те предизвикува и секој ден ти изгледа исто.
Гледаш дека ИТ секторот расте, а ти немаш знаење што ќе направи разлика.
Тапкаш во место без да промениш било што.
Што губиш кога постојано ја одложуваш промената?
Секој месец без нови вештини значи:
- помалку можности за влез во ИТ индустријата
- помала конкурентност на пазарот на труд
- повеќе кандидати кои те престигнуваат со нови сертификати и знаења
- помала шанса за подобро платена работа
- уште една година во која размислуваш за промена, но ништо не преземаш.
Времето ќе помине секако. Прашањето е дали ќе се движиш напред или ќе си останеш на истото место.
Зошто Network Associate е одлична почетна точка за ИТ кариера?
Зад секоја компанија стои инфраструктура. Компјутери. Сервери. Рутери.
Свичеви. Безбедносни системи. Интернет конекции. Сето тоа треба да биде поставено, одржувано и заштитено.
Токму затоа улогите поврзани со мрежна и системска администрација остануваат едни од најважните во секоја организација. Network Associate е одличен влез во светот на мрежите, инфраструктурата и системската администрација и поставува силна основа за понатамошен развој во ИТ.
Дури и во професионалните ИТ заедници, искусни инженери често посочуваат дека познавањето на мрежи, системска администрација и инфраструктура претставува одлична база за понатамошен напредок кон cloud, cybersecurity и DevOps улоги.
Колку може да заработува еден IT System Administrator?
Платата не секогаш е единствената причина да избереш професија. Но е една од најважните.
Според податоците на Mojaplata.mk, најдобро платените IT System Administrators во Македонија заработуваат до 160.000 денари нето месечно.
Секој што денес работи на таква позиција, во еден момент бил почетник што одлучил да инвестира во нови знаења и сертификати.
Најголемата грешка не е да немаш искуство.
Најголемата грешка е да мислиш дека искуството ќе дојде само од себе. Многу луѓе поминуваат месеци гледајќи бесплатни видеа, читајќи форуми и обидувајќи се сами да состават план за учење.
Резултатот најчесто е ист:
- премногу информации
- нема јасна насока
- нема практична работа
- нема реален напредок
Затоа структурираниот пристап прави огромна разлика.
Што ако ова лето конечно направиш чекор напред?
Летната менторска програма за Network Associate е наменета за луѓе кои не сакаат уште едно лето да им поминат без конкретен резултат. Наместо да губиш време обидувајќи се сам да откриеш што треба да учиш, добиваш јасна насока, практични знаења и основа за кариера во една од најстабилните ИТ области.
Во септември можеш да бидеш на истото место каде што си денес. Или можеш да имаш нови вештини, нов сертификат и многу појасна насока за својата иднина.
Најскапата одлука понекогаш не е погрешната. Туку онаа што постојано ја одложуваш.