Почетна Блог Придвижи се кон успехот
Придвижи се кон успехот

Придвижи се кон успехот

Сакаш подобра плата, а сè уште се потпираш на истите вештини?

Јуни 2026 8 мин читање SEMOS Education

Сакаш подобра плата, а сè уште се потпираш на истите вештини?

Секој ден си во контакт со најразлични луѓе, зборуваш, се трудиш да продадеш, да земеш поголем бонус, но не ти успева?

Многу луѓе мислат дека продажбата е лесни работа.

Но реалноста е поинаква, разговараш со клиенти, без реален резултат, вложуваш енергија, а заработката не се зголемува.

И најфрустрирачкиот дел вложуваш време и нерви, а не можеш да мрднеш од мртва точка.


Што губиш додека остануваш во истата рутина?

  • пропушташ можности за подобро платени позиции
  • остануваш на позиции без јасен кариерен раст
  • помалку вредиш на пазарот на труд
  • зависиш од „среќа“ наместо од вештина
  • поминуваш време без реален напредок

И најлошото? Ова ти станува нормално.


Зошто Sales специјалист е една од најбараните професии?

Секоја компанија има една заедничка потреба, мора да продава за да заработи.

Без разлика дали се работи за производ, услуга или идеја, некој мора да ги пласира на пазарот. Токму тука доаѓа Sales специјалистот.

Бидејќи не се работи само за обична продажба. Тој има неколку основни способности:

  • ги разбира потребите на клиентот
  • гради доверба
  • знае да преговара
  • способен е да затвори зделка
  • и директно влијание на приходот на компанијата

Затоа оваа улога е една од најбараните во секоја индустрија.


Колку може да се заработува?

Според податоците на Mojaplata.mk, најдобро платените на позицијата Sales Manager можат да достигнат и до околу 110.000 MKD месечно.

Секако, никој не почнува на врвот. Но секој што денес заработува над просекот, некогаш бил почетник што научил како да комуницира со цел и структура.


„Ама јас знам да зборувам со луѓе...“

Ова е најчеста заблуда. Да, многу луѓе знаат да комуницираат.

Но малкумина знаат:

  • како да водат разговор кон резултат
  • како да затворат продажба
  • како да разберат потреба на клиент
  • како да преговараат без да изгубат вредност
  • како да градат долгорочна доверба

И токму тука се прави разликата меѓу обичен продавач и специјалист за продажба.


Зошто луѓето остануваат заглавени во оваа област?

Не затоа што немаат потенцијал. Туку затоа што немаат систем.

Кога учиш сам:

  • пробуваш без структура
  • учиш од случајни извори
  • немаш feedback
  • не знаеш што е „добро“ во реална продажба
  • и често се откажуваш кога нема резултати

И така остануваш во истата точка.


Што се менува кога имаш насока?

Разликата не е во тоа дали знаеш да зборуваш. Туку дали знаеш да влијаеш.

Со правилна структура учиш:

  • како функционира продажен процес
  • како се гради доверба со клиент
  • како се претвора разговор во резултат
  • како да работиш со реални ситуации
  • како да се позиционираш на пазарот

И тогаш продажбата станува кариера, не само вештина.

Можеш да продолжиш да комуницираш секој ден без јасен резултат. Или да ја претвориш таа вештина во професија со реална вредност. Разликата нема да биде во тоа колку зборуваш. Туку во тоа што знаеш да постигнеш со тие зборови.


🎓

Погледни ја програмата

Sales and Communication Specialist летна менторска програма.

🚀 Погледни ја програмата