
8 места со попуст од 300€ за Летна менторска програма за Python Developer
Заплови во водите на програмерството и стани Python developer со нашата летна менторска програма за Python developers и стекни со потребното знаење за креирање на back-end веб апликации со програмскиот јазик Python.
Веќе неколку години по ред Python програмскиот јазик се наоѓа на врвот на најпопуларните и најупотребуваните програмски јазици во светски рамки. Според истражувањата на TIOBE index, Python програмскиот јазик во Април 2025 година се наоѓа на прво место на листата на најпопуларни програмски јазици и на првото место на листата на омилени програмски јазици меѓу почетниците во програмирањето. Ваквиот позитивен тренд на популарност на овој програмски јазик се должи на неговата едноставна синтакса, голема флексибилност и компатибилност.
Во оваа програма е вклучена и обука за вештачка интелигенција Generative AI со која ќе ти овозможиме брз влез за работа во било која индустрија и ќе те подготвиме со вештини на иднината.
Оваа обука ги опфаќа основите на вештачката интелигенција и креирањето мулти-модална содржина со помош на AI алатки, со посебен осврт на генеративната вештачка интелигенција. Што е prompt engineering? Како да напишеш ефективен промпт? Што е модел?
Ова се дел од прашањата за кои курсот за генеративна вештачка интелигенција дава одговори. Преку примери од реални бизнис сценарија, ќе се разгледуваат етичките аспекти и предизвиците при примена на AI решенија. Дополнително, ќе се анализира оправданоста на проекти за имплементација на вештачка интелигенција.
Во оваа летна менторска школа ќе се ориентираме на backend web развој со Python. Програмата е поделена на три дела: Python Development, Изработка на реален проект и План и развој на кариера.
Во првиот дел ќе се запознаете со Python работната околина и се она што ви е потребно да бидете Python девелопер. По завршувањето на овој дел следи полагање на PCEP испитот од Python Institute. Со полoжување на овој испит се стекнувате со сертификат кој ја потврдува вашата експертиза во програмирање со Python.
Вториот дел од оваа летна менторска школа ќе биде изработка на реален проект. Работата на реален проект е најважниот дел од процесот на едукација. Со помош и поддршка од менторите, слушателите изработуваат реален проект во којшто имаат можност да го употребат претходно стекнатото знаење. Работата на реални проекти придонесува во развојот на критичко размислување и стекнување на вештини за справување со проблеми. Најголемата предност на реалните проекти е тоа што истите се дел од професионалното потфолио на слушателите и претставуваат чекор напред во нивниот кареиерен развој.
Во третиот дел ќе се запознаете со предусловите за развој на кариерата и давање на насоки за изработка на индивидуален план за кариера. Ќе се дискутира за содржината на CV и мотивационо писмо и детална разработка на поединечните целини кои истите ги содржат, како и отварање на профил на LinkedIn и негова оптимизација согласно претходно стекнатите знаења и потребите на компаниите. Во овој дел ќе бидат дадени практични совети за вербална и невербална комуникација како и дискусија за најчесто поставуваните прашања во рамки на едно интервју.
Име на модул Број на часови 1 Python development + PCEP испит 60 2 Генеративната вештачка интелигенција (AI) 8 3 Работа на реален проект 18 4 Планирање и развој на кариера 9

Програма
Python Development + PCEP испит
- Што е Python и негови предности
- Вовед во програмирање со Python
- Дефинирање на типови на податоци
- Дефинирање логички изрази
- Дефинирање циклуси
- Структурирање на код
- Структури на податоци и операции со истите
- Справување со грешки
- Работење со датотеки и папки (пристап, пишување, преместување, бришење)
- Работење со бази на податоци со Sqlite3
- Подесување на Python околина
- Решавање на проблеми користејќи вградени модули
- Основи на објектно ориентирано програмирање
- Објектно ориентирани концепти и вежби
- Работа со надворешни APIs и JSON податоци
- Пишување тестови во Python
- Податочни структури во Python и временска комплексност – Lists
- Податочни структури во Python и временска комплексност - Sorting
- Податочни структури во Python и временска комплексност - Dictionaries
- Напредни Python теми: итератори, генератори
- Напредни Python теми: функции како објекти од прва класа
- PCEP сертификација
Генеративната вештачка интелигенција (AI)
- Основи на вештачка интелигенција
- Креирање на мулти-модална содржина со алатки за вештачка интелигенција
- Примери од реални бизнис сценарија
- Етика во вештачка интелигенција
- Предизвици при примена на решенија каде е интегрирана вештачка интелигенција
- Оправданост на проекти за имплементација на вештачка интелигенција
Работа на реален проект
Планирање и развој на кариера
- Вовед во развој и планирање на кариера
- Изработка на CV, мотивационо писмо и LinkedIn профил
- Подготовка за интервју
Цените кои се наведени подолу важат само за оваа конкретна понуда понудена преку Летната менторска програма за Back-end Python developer.
ЗОШТО ДА АПЛИЦИРАШ НА ЛЕТНАTA МЕНТОРСКА ПРОГРАМА?
- Научи да програмираш во еден од најпопуларните програмски јазици на денешницата
- Тренери со долгогодишно практично искуство во областа на Python web развојот
- Влез во кариерниот центар при Семос Едукација, за понатамошна препорака за пракса и вработување
- Практично справување со проблеми кои може да се јават при програмирање во Python
3 Коментари
Александар Максимов
Затоа што Вештачката интелигенција е предизвик на иднината.Од тие причини, за сите нас неопходно е да бидеме во чекор со новото време кое е на повидок.
Виктор Ванчов
Завршниот проект ме научи на многу корисни работи, надвор од областа на видео игрите. Сепак, многу ми помогна да добијам идеја за тоа како машините „учат” и колкава е нивната моќ.
Kристијан Стојоски
Со превземање на првиот чекор и вложување на доволно труд, секој може да ја совлада оваа модерна тема и да се издвои на пазарот на труд во една од најбрзорастечките индустрии во светот.